Наша мисија е да им помогнеме на експертите и професионалците да изградат силно пазарно присуство и да го развиваат својот бизнис профитабилно преку нашите специјализирани услуги за позиционирање.
Кога неодамна го опремувавме и подготвувавме нашиот нов апартман, ни беа потребни професионални услуги — водоводџии, плочкари, сервиси за длабинско чистење, оџачари, стручњаци за вентилација и стручњаци од најразлични области.
При барањето на професионалци, се соочивме со неколку проблеми: Не можевме да најдеме мајстор, а ако најдевме тогаш не знаевме кого да одбереме бидејќи сите изгледаа исто (најчесто се одлучувавме за најефтината цена). После свативме дека треба да бараме препораки од пријатели кои ја користеле истата услуга.
Многу професионалци немаат сопствена веб-страница, ниту профил каде што може да се видат нивните претходни изработки, препораки или точни информации за нивната работа. Барањето квалитетна услуга се сведе на долготрајно распрашување од човек на човек, без можност да споредиме кој е подобар или посигурен избор.
Сфативме:
Со над 20 години искуство во дигиталниот маркетинг, ние сме мала компанија од двајца експерти со цел да им овозможиме на компаниите и поединците во услужните дејности брз и профитабилен раст. Нудиме директен пристап без непотребни посредници, чисти договори и реални резултати што го движат вашиот бизнис напред.