Како го рангирав мојот веб-сајт на Google и почнав да добивам препораки од ChatGPT
Со дигитален маркетинг и креирање на веб-страници започнав уште во 2000 година. Отприлика тогаш ја креирав мојата прва веб-страна на Tripod.com. Веб-страницата беше едноставна, јас не знаев да ни основен HTML во тоа време, но се случи нешто што ме изненади: успеав да ја рангирам веб-страницата на прво место на Google за фразата „translation into Macedonian”. Почнаа да ми се јавуваат агенции и компании од САД и од Обединетото Кралство за да работам на преводи.
Повеќе од две децении подоцна, имам долгогодишно искуство во дигиталниот маркетинг и веќе девет години работам дигитален маркетинг со полно работно време во Британска компанија. Имам неколку веб-сајтови на англиски јазик, но сега одлучив да направам страница на македонски и да им помогнам на луѓето кои нудат професионални услуги во Македонија да се рангираат што е можно погоре на Гугл и ако е можно да бидат препорачани од ChatGPT.
Така започна мојот експеримент со klienti.adspotion.com. Во продолжение на овој напис ќе го споделам процесот што го применив на сопствената веб-страница — што направив, кои страници ги креирав, како размислував за клучните зборови и пребарувачката намера, како ја структурирав веб-страницата и што се случи со нејзината видливост на Google и во ChatGPT.
Ова не е напис од типот „10 SEO совети кои мора да ги примените“. Ова е реален експеримент врз сопствена веб-страница. Ќе ги споделам и работите што функционираа, но и оние за кои сфатив дека не се доволни.
Започнав од нула
Откако решив да ги понудам моите маркетинг услуги на македонскиот пазар, следното прашање беше: каде да ја поставам веб-страницата? Имав неколку можности:
- Да регистрирам целосно нов домен со .mk наставка,
- да креирам нов фолдер на веќе постоечки веб-сајт
- или да направам нов субдомен.
Секоја од овие опции има свои предности и недостатоци. Нов .mk домен би ми овозможил да изградам целосно нов локален бренд и авторитет на доменот од почеток. Креирањето фолдер на постоечки веб-сајт, од друга страна, би можело да има корист од постоечкиот авторитет на доменот. На крајот се одлучив за третата опција: субдомен.
Најверојатно тоа не беше најдобрата SEO одлука. Бев свесен дека субдоменот ќе мора да го рангирам од почеток. Но токму тоа ми беше интересно. Сакав да видам колку е можно да се рангира веб-страница која практично започнува од нула.
Затоа го креирав klienti.adspotion.com како посебен субдомен.
Статус на веб-сајтот пред оптимизација
Кога започнав, веб-сајтот не беше на Google. Google практично немаше причина да ја прикажува веб-страницата за многу релевантни пребарувања. Прва цел ми беше да создадам релевантност и да му помогнам на Google да разбере на што се однеува веб-страницата, кои услуги ги нудам и за кој пазар се релевантни тие услуги.
Иста беше ситуацијата и со ChatGPT. Воопшто не очекував веб-страницата да биде препорачана како релевантна опција кога некој ќе побара препорака за маркетинг услуги во Македонија.
Периодично поставував различни прашања поврзани со маркетинг услуги во Македонија и следев кои компании се појавуваат во препораките, кои фактори се споменуваат и дали мојата веб-страница воопшто се појавува.
Што сакав да постигнам?
Целите на експериментот беа прилично едноставни.
- Сакав да видам дали веб-страница поставена на субдомен може да постигне релевантни позиции на Google, иако започнува со ограничена органска историја.
- Сакав да изградам веб-страница која ќе биде релевантна за луѓето во Македонија кои бараат дигитален маркетинг, Google Ads, SEO, HubSpot и други маркетинг услуги.
- Сакав да видам дали зголемувањето на органската и тематската релевантност може да се поврзе со поголема видливост во AI пребарувањето и препораките на ChatGPT.
И конечно, сакав да добијам одговор на едно практично прашање:
Колку навистина е тешко денес да се изгради веб-страница од нула која може да биде пронајдена не само од Google, туку и од AI алатките?
Ова беше почетната точка. Од тука започна вистинскиот SEO експеримент.
Креирање на маркетинг стратегија
Овде сакам да напоменам дека јас сум еден од приврзаниците на т.н. „Вибрантен маркетинг“, што во принцип е насочен на целта што треба да се постине (повеќе клиенти на пример) отколку естетскиот изглед на маркетинг кампањите. Мој принцип е дека „перфектното му е непријател на доброто“, т.е. ако некој има 95% добар производ и сака да биде 100% добар (да стане перфектен), ќе вклучи невидено голем труд за само пет проценти подобрување. Друг принцип кој го применувам е „Beach-Head” стратегија – стратешко насочување на ресурсите каде што тие би имале најголем ефект.
Прво сакав да дефинирам што сакам да постигнам, за кого се наменети услугите и која е мисијата на компанијата. Ми требаше маркетинг стратегија за мојот бизнис модел кој беше поприлично едноставен: Да им понудам видливост на Google и на ChatGPT на компаниите и поединците кои нудат професионални услуги. Маркетинг стратегијата треба да го дефинира поширокиот правец:
- Кој проблем го решаваме – Овозможуваме дигитално присуство на македонските компании
- За кого го решаваме – професионалци, сервисери кои нудат услуги
- Зошто потенцијалниот клиент би избрал токму нас – Овде требаше да одлучам како да стекнам конкурентска предност
Еден од моите најважни принципи при креирање на маркетинг статегија е: „Кога креирате маркетинг стратегија, поважно е да одлучите што да не правите отколку што да правите.“ Ресурсите се ограничени, па стратегијата бара фокус. Во овој случај, наместо да се обидувам да се натпреварувам на огромните пазари како САД и Велика Британија, избрав да се фокусирам на Македонија, каде што гледав можност за многу помала конкуренција. Исто така одлучив да се фокусирам само на луѓето кои нудат услуги, а не на продажба на производи.
Кога се креира маркетинг стратегија, многу е важно да овозможите лесна консумација на вашите производи и услуги од страна на потрошувачите. Затоа што нудам креирање на веб-сајтови, пребарував по интернет која би била најисплатлива опција за моите купувачи:
- Дали сами да си купат хостинг и домен?
- Дали јас да ги посоветувам од каде да купат?
- Дали да купам реселер хостинг и да им нудам на купувачите бесплатен хостинг
- дали да им креирам бесплатен веб-сајт со бесплатен хостинг. (Brizy – Drag & Drop builder, Wix😉
Како креирам веб-страни со помош на AI
Веб-сајтовите ги креирам во WordPress, и прво нешто што барам е темата да има Elementor. Прво иснталирам тема Astra зошто доаѓа со многу алатки (иако многу од нив непотребни), а потоа се префрлам на тема Kadence. Ја сакам Каденце зошто има мени кое се замрзнува.
За шаблони на веб-страната користев Elementor или Astra шаблони. Ми одземаше време, па се одлучив да видам дали може AI да ми креира веб-страни. Вase44.com е баш страна каква што сакав. Наоѓам на интернет страница која ги содржи елементите кои ги сакам и само го споделувам URL-от и за пет минути ми креира J-son фајл кој можам да го зачувам како шаблон во Elementor.
Плагинзи кои ги користам:
- Disable Gutenberg
- Yoast SEO
Како го оптимизирав веб-сајтот за Google и ChatGPT
Има многу статии на интернет за тоа како да го оптимизирате Вашиот сајт. Едноставно ги следев тие инструкции нема многу детално да навлегувам во тоа. За технички инструкции, прашајте го ChatGPT.
- Истражување на клучни зборови: Користев Google Keyword Planer. Таму има опција (ако веќе имате готов веб-сајт) да го ставите доменот и Google ќе Ви исфрли клучни зборови. Го спуштив извештајот како CSV фајл и го прашав ChatGPT што мисли за тие фрази. Тој ми направи дефинитивна листа од 30 клучни зборови кои треба да ги таргетирам најпрво и ми понуди SEO структура за вебсајтот за полесно да се рангирам за тие фрази.
- Одредување на намерата: Обично не треба да се трудите да се рангирате за информативни клучни фрази (како на пример: Што е локално SEO?). Насочете се на фрази кои носат корист на компанијата, т.е. каде што намерата на оној што пребарува е да потроши пари
- Креирање и подобрување на страниците за услуги
- Градење тематска релевантност
- Технички SEO
- Интерно поврзување
- Локален SEО
Како ја оптимизирав веб-страницата за локално пребарување
Клучни зборови поврзани со локација: Врз основа на шаблоните што ги креирав со помош на AI планирам да креирам многу страници кои вклучуваат клучни фрази, како на пример: Маркетинг услуги Охрид, Маркетинг услуги Струмица, итн. Можеби во иднина ќе креирам страници што содржат клучни зборови што таргетираат вид на услуги: Маркетинг за заболекари, маркетинг за плочкари итн.
Креирав Google Business Profile – https://maps.app.goo.gl/DNVycMxFR6DN23Ns9.
Локални директориуми и цитати
Кога ја внесувате вашата веб-страница и компанија во локални директориуми, важно е информациите да бидат конзистентни насекаде. Името на компанијата, телефонскиот број, адресата, веб-страницата, категоријата, описот и услугите треба да бидат исти или внимателно усогласени на Google Business Profile, Златна книга, Yellow Pages, локални каталози и други релевантни платформи. Конзистентноста им помага на Google и другите пребарувачи полесно да разберат дека сите овие записи се однесуваат на истата компанија, што може да придонесе за посилно локално присуство и поголема доверба.
Затоа, пред да започнете со внесување на компанијата во директориуми, добро е да креирате Master Citation Data – еден документ со официјалните информации за вашата компанија. Во него треба да ги чувате точниот назив на компанијата, адресата или подрачјето на услугите, телефонскиот број, веб-страницата, примарната и секундарните категории, описот на компанијата, листата на услуги, работното време и линковите до социјалните профили. Така, секогаш имате една главна референца од која ги внесувате податоците и избегнувате различни верзии на информациите низ интернет.
Кои платформи ги користев за поголема видливост
Креирав профил на Facebook – https://www.facebook.com/AdsPotion/. Со помош на ChatGPT ги средив секциите на профилот. Исто така, ми ја направи и профил-сликата. Ми напиша прв пост за мојот профил. Следно, сите досегашни артикли кои ги имам објавено ги подесив да бидат обавувани постепено.
Многу е важно кога креирате блог-статии да ставате главна слика. Без неа постовите на социјаните медиуми изгледаат штуро. Ако сакате страните кои немаат слика да бидат прикажувани со слике по ваш избор то можета да го направите преку Yoast SEO Free. Во Yoast SEO Free -> General -> Site Basics -> Site Image. (ден 2)
Платформи кои ги користам за анализа
Google Search Console – Ова е корисна и бесплатна алатка за да откриете за кои клучни зборови за кои се рангира веб-сајтот, кои страници се прикажани на Гугл и кои страници добиваат кликови т.е. генерираат органски сообраќај. На почеток немав ниту прикажувања ниту кликови. (Ден 1)
Дали ChatGPT ќе ја препорача мојата веб-страница?
- Како го тестирав ChatGPT
- Прашањата што ги поставував
- Што се случи на почетокот
- Кои компании и веб-страници ги препорачуваше ChatGPT
- Каде се појавуваше мојата веб-страница – или не се појавуваше
Што променив за да ја подобрам видливоста во AI пребарувањето
- Полесно разбирање на компанијата и услугите
- Градење тематски авторитет
- Подобрување на информациите на веб-страницата
- Подобрување на довербата и кредибилитетот
- Креирање текстови околу прашањата на потенцијалните клиенти
- Градење онлајн споменувања и референци
Резултатите: Google позиции + препораки од ChatGPT
- Пред и потоа
- Подобрување на позициите на Google
- Органска видливост
- Резултати од тестирањето на препораките во ChatGPT
- Што ме изненади
Што научив од експериментот
- Што функционираше
- Што не функционираше
- Што би направил поинаку
- Што е заедничко за SEO и AI пребарувањето
Што значи ова за компаниите во Македонија
- Зошто видливоста на Google сè уште е важна
- Зошто AI пребарувањето станува уште еден канал за пронаоѓање компании
- Зошто компаниите треба да се подготват и за Google и за AI пребарувањето
Како компаниите можат да ја подобрат својата видливост на Google и во AI пребарувањето
- Основи на веб-страницата
- SEO
- Локален SEO
- Корисни статии
- Репутација и онлајн споменувања
- Подготовка за AI пребарување
Најчесто поставувани прашања
- Дали SEO може да помогне веб-страницата да се појави во препораките на ChatGPT?
- Како ChatGPT одлучува кои компании да ги препорача?
- Дали високото рангирање на Google гарантира видливост во ChatGPT?
- Колку време е потребно за SEO?
- Може ли мала македонска компанија да се натпреварува со поголеми компании?
